Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 17 степени.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Среда: Ќе се задржи топло и сончево време.
Четврток до недела: Се очекува променливо облачно и нестабилно време, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури постепено ќе се намалуваат.