Според временската прогноза, утрово ќе биде ведро и посвежо, додека преку денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 32 степени.
Во Скопје, утрината ќе биде посвежа, а преку денот сончево и топло со температури од 11 до 32 степени.
Времето во наредните денови
Вторник и среда: Ќе се задржи претежно сончево и топло време.
Од четврток: Се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а дневната температура ќе почне да опаѓа.