Променливо и нестабилно: Попладне со дожд, грмежи и силен ветер низ Македонија

Денешниот ден ќе помине под влијание на нестабилна воздушна маса, со променливо облачно време и сончеви периоди. Според прогнозата на УХМР, попладне се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и централните делови на земјата. На одредени локации се можни и поинтензивни процеси – пообилен дожд, силни грмежи, ветер со брзина над 60 км/ч, како и појава на град.

Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сонце, но попладне се очекува нестабилност со дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 26°C, а минималната се спушти до 12°C.

Во наредните денови ќе продолжи сличниот временски шаблон: променливо и топло време со периоди на нестабилност, особено кон викендот кога се очекуваат и локални невремиња.