Променливо облачно време, дожд и силен северен ветер до среда

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

​Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, при што локално може да достигне брзина над 60 километри на час.

​Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.

​Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

​Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 13 степени Целзиусови.

​Според прогнозата на УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината.

​Од четврток времето ќе биде стабилно и суво, со постепено зголемување на дневната температура.