​Променливо облачно време, попладне и ноќе локален дожд, а наутро магла по котлините

Денешниот ден ќе биде променливо облачен, а претпладне по одделни котлини се очекува појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен, информираат од УХМР.

​Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со појава на слаба магла во делови од котлината во претпладневните часови. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

​Следува период на променливо облачно време со појава на утринска магла по одделни котлини.

​Вторник: Ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

​Среда и четврток: Ќе преовладува претежно стабилно време.

​Следен викенд: Повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.