Денешниот ден ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови на земјата постои можност за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда се очекуваат локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.