Променливо облачно и ветровито време со температури до 29 степени

Денеска, времето ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, на места повремено засилен северен ветер, со брзина над 60 километри на час. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

​Минималната температура ќе се движи од 8 до 17 степени.

​Максималната температура ќе достигне од 21 до 29 степени.

​Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

​Според УХМР, во четврток времето ќе остане посвежо и ветровито. Потоа, се очекуваат сончеви денови со посвежи утра и постепен пораст на дневните температури.