Денес, времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието северен ветер со засилен интензитет.
Минимални температури: од 11 до 20°C
Максимални температури: од 25 до 33°C
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со умерено до повремено засилено дување на северен ветер. Утринската температура ќе биде 17°C, а максималната дневна ќе достигне 31°C.
Според прогнозите, утре (недела) ќе продолжи да дува северен ветер, што ќе предизвика пад на дневните температури. Од почетокот на следната недела се очекува стабилизирање на временските услови и благ пораст на температурите.