Променливо облачно и топло време, попладне со локални врнежи и грмежи

Денес, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне, на некои места се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 13°C, додека максималните ќе достигнат од 23 до 29°C.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во делови од котлината, се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде околу 12°C, а максималната ќе достигне до 27°C.

Во наредните денови, се предвидува продолжување на променливото време со можност за врнежи и грмежи, особено за време на викендот. Температурите ќе бидат во опаѓање.