Променливо облачно со дожд и засилен северен ветер

Денеска не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови на земјата, како и во Полошкиот и Пелагонискиот регион.

Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на свежина.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 15 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 13 до 24 степени, во зависност од регионот.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи меѓу 12 и 23 степени.