Пронајдена исчезнатата македонска државјанка во Грција

 Грчката крајбрежна служба успешно ја пронајде 63-годишната македонска државјанка која вчера беше пријавена за исчезната додека пливала во морскиот дел кај Неа Каликратија на Халкидики. Жената е пронајдена на копно во добра здравствена состојба и не побарала медицинска помош.

​Акцијата за пребарување започнала вчера попладне, откако бил примен повик за исчезнатата капачка.

​Во потрагата беа вклучени патролен брод на крајбрежната служба, три приватни чамци и две патролни возила кои пребаруваа на копно. Благодарение на координираната акција, жената е лоцирана во истата област. Според грчката крајбрежна служба, таа се чувствува добро и не побарала лекарска интервенција.