На 07.10.2025 година во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д. (68) од Скопје, во охридското село Љубаништа.
Лишувањето од слобода следело по извршен претрес со судска наредба во објект што го користел Ј.Д. Во објектот, полицијата пронашла и одзела марихуана и засадени стебла од растението канабис.
По целосно документирање на настанот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.