По шестдневна интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар беше пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б., која исчезна на 24 јули во близина на село во општина Градско.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата, прецизирајќи дека телото било забележано околу 12:10 часот во делот на Вардар кај Старо Градско.
„Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атар на село во општина Градско. Увид е извршен, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, соопштија од МВР.
Случајот ја потресе јавноста, а потрагата по Теодора беше организирана со ангажман на полицијата, пожарникари и локални жители. Останува да се утврдат сите околности под кои дошло до трагичниот настан.