Јужноафриканскиот амбасадор во Франција, Нати Мтетва, е пронајден мртов пред хотел во Париз, соопшти денеска француското обвинителство. Извори блиски до случајот наведуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.
Според првичните информации, 58-годишниот дипломат бил во депресија. Обвинителството потврди дека тој имал резервирано соба на 22. кат од хотелот, а прозорецот бил насилно отворен.
Телото на Мтетва, кој бил близок пријател на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, било пронајдено пред хотелот.
Неговото исчезнување го пријавила сопругата во понеделникот, откако претходно добила вознемирувачка порака од него. Истрагата ја води специјалната единица за сузбивање на злосторства против личности.