Проширена е истрагата за пожарот во Кочани, уапсени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини и Беким Незири

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загина 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“.

Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кој е кадар на ВЛЕН.

Според информациите, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат.

Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава.

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните институции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“ информираа накусо од Обвинителство.

Во ОЈО Кочани во тек е истражна постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март.