Вечерва во 21 часот на стадионот „Блуенерџи“ во Удине ќе се одигра финалето на Суперкупот на УЕФА, каде што ќе се соочат актуелниот победник на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен (ПСЖ), и победникот на Лига Европа, Тотенхем.
За ПСЖ, ова е можност да го освои првиот Суперкуп на УЕФА за француски клуб, откако Марсеј во 1993 година не можеше да учествува поради скандал, а ПСЖ во 1996 година беше тешко поразен од Јувентус. Тренерот Луис Енрике ќе се обиде да испише нова страница во клупската историја, особено по поразот од Челзи во финалето на Светското клупско првенство.
Од друга страна, Тотенхем, предводен од новиот тренер Томас Франк, се надева дека ќе го освои својот втор европски трофеј.
За натпреварот, ПСЖ најверојатно ќе настапи со речиси ист состав како во финалето на Лигата на шампионите, со тоа што на голот ќе биде Лукас Шевалие, а ќе отсуствува и исклучениот Жоао Невеш.
Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, ќе дебитира во новиот клуб, кој влегува во сезоната без Хеунг-мин Сон. Неговото место го зазема Мохамед Кудус, а Франк нема да може да смета ниту на Медисон, Соланке, Кулушевски и Драгушин.