Работнички по засилување: Азер Омерагиќ на радарот на „романтичарите“

Фудбалскиот клуб Работнички сериозно работи на креирање конкурентен тим за настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а едно од најзвучните имиња на нивната листа е напаѓачот на Вардар, Азер Омерагиќ.

Како што дознава „Револуционер“, поранешниот младински репрезентативец на Македонија се смета за идеално засилување за тимот од Градски парк. Во клубот веруваат дека 22-годишниот голгетер може да ја засили напаѓачката линија и да донесе свежина и искуство стекнато во редовите на најтрофејниот македонски клуб.

Омерагиќ одигра одлична полусезона со „црвено-црните“, каде што беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот на Македонија, а со тимот запиша и 14 натпревари без пораз во шампионатот, често носејќи ја капитенската лента.

Работнички веќе ги продолжи договорите со Бесир Демири и Ермедин Адем, а се најавуваат и нови засилувања во текот на летото. Тимот има амбиција не само за достоен настап во Европа, туку и за враќање на старите славни денови на домашната сцена.