Обвинет за трговија со дрога, човекот кој преживеа три вооружени напади денеска се појави пред Кривичниот суд
Скопјанецот Раде Трајковски, познат под прекарот Штекли, денеска се појави на судењето во Основниот кривичен суд Скопје, иако одбраната на претходното рочиште достави вештачење дека тој не е психички способен да го следи судскиот процес.
Трајковски е обвинет за нелегална трговија со дрога, а јавноста го познава и по тоа што преживеа три вооружени напади, вклучително и пукотници на јавни места.
Судењето продолжи во присуство на обвинетиот, и покрај доставената медицинска документација од страна на неговата одбрана. Од судот засега нема официјален став дали и како ќе се земе предвид вештачењето за неговата психичка состојба.