Ракометарите и претседателот Мукаетов на прием кај американската амбасадорка, Агелер

„Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим. Во рамки на посетата претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025 . РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави“, објави Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална фејсбук-страница.

 

Агелер беше забележана со Мукаетов на трибините на светското првенство во Вараждин додека ги бодреше македонските ракометари.