Ракометарите на Алкалоид го примија пехарот од Европскиот куп на ЕХФ

Ракометниот клуб Алкалоид вечерва и официјално го доби европскиот трофеј од Европскиот куп на ЕХФ, кој го освоија со победата над АЕК Атина во финалето.

​Пехарот им го додели Божидар Ѓурковиќ, претставник на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Ова е трет трофеј во историјата на РК Алкалоид, по освоениот Суперкуп и Купот на Македонија.