Фудбалерите на ПСЖ го освоија Суперкупот на УЕФА откако го победија Тотенхем со 4:3 на пенали, по нерешените 2:2 во регуларното време. Одлучувачки момент беше промашениот пенал на Матис Тел, кој го промаши целиот гол.
По натпреварот, Тел беше цел на расистички навреди на социјалните мрежи. Клубот остро реагираше и објави соопштение во кое ги нарече сторителите „кукавици кои се кријат зад анонимни кориснички имиња“.
Тотенхем најави соработка со надлежните органи и социјалните мрежи за да ги идентификува и преземе најстроги можни мерки против сите што шират одвратни ставови. Клубот јавно изрази поддршка за Тел, истакнувајќи ја неговата храброст и решителност.