Рекордна заработка за Црвена звезда, 50 милиони евра од продажба на фудбалери

Фудбалскиот клуб Црвена звезда оствари рекордна заработка во летниот преоден рок, со приход од 43,5 милиони евра од продажба на фудбалери. Оваа сума може да достигне и до 50 милиони евра, доколку клубот го продаде напаѓачот Шериф Ендиај.

​Одлуката за трансферот на сенегалскиот фудбалер сѐ уште не е донесена, а преодниот рок во Обединетите Арапски Емирати трае до 1 октомври. Учесникот во Лигата на шампионите, Карабаг, покажа сериозен интерес за Ендиај, но прашање е дали азербејџанскиот клуб може да си дозволи да плати 8 милиони евра, колку што бара Црвена звезда.

​Младинците ја полнат клупската каса

​Црвена звезда заработи две третини од вкупните приходи ова лето од продажба на двајца фудбалери од својата младинска школа. Најпрво, Андрија Максимовиќ постави клупски рекорд со трансфер од 14 милиони евра во Лајпциг, а вчера нов рекордер стана Вељко Милосављевиќ, кој се пресели во Борнмут за 15 милиони евра.

​Покрај Ендиај, клубот би можеле да го напуштат и Фелисио Милсон, голманот Омри Глазер, Јегор Прицев и Владимир Лучиќ, што би можело да ги зголеми приходите на „црвено-белите“ на 60 милиони евра.