Ристески: Ниту сум бил натепан, ниту сум се спречкал со некого

Пратеникот Петар Ристески ги демантираше гласините дека бил физички нападнат во Прилеп. Тој преку објава на социјалните мрежи изјави дека бил излезен во градот само со своите деца.

​Ристески тврди дека е мета на „континуирана негативна кампања“ од страна на медиум близок до опозицијата и најави дека ќе поднесе тужба за клевета.

​„Во пресрет на изборите лагите и манипулациите се единственотo нешто што им преостанува“, напиша Ристески.

​Тој исто така упати апел до новинарските здруженија да реагираат на, како што вели, оние кои „не бираат средства да ја извалкаат нивната професија“.