Ракометарите на РК Алкалоид не успеаја да се пласираат во главната рунда на Европската лига на ЕХФ, откако и во реванш-натпреварот во Скопје загубија од германскиот Хановер-Бургдорф со 28:29. Германскиот тим со вкупен резултат си обезбеди место меѓу најдобрите.
По натпреварот, тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, изјави дека е разочаран од исходот.
„Честитки до Хановер, заслужија да победат. Јас сум разочаран, затоа што промашивме девет пенали во двата меча, а со такво нешто е невозможно да победиш тим кој долго беше лидер во Бундеслигата“, изјави Лазаров.
Тој нагласи дека неговиот тим знаел дека Хановер е подобар, но дека толку голем број промашени пенали се премногу за да се победи ривал кој во Бундеслигата успеал да ги совлада големите екипи како Магдебург и Фуксе Берлин.
По оваа елиминација, фокусот на РК Алкалоид целосно ќе биде насочен кон домашните натпреварувања, односно натпреварите во Суперлигата и Купот на Македонија.