Ракометниот клуб РК Алкалоид пристигна во Германија, каде што во комплетен состав го одржа првиот тренинг во Хановер.
Клубот се подготвува за првиот натпревар од Европската лига на ЕХФ против тимот на РК Хановер-Бургдорф. Атмосферата во тимот е позитивна, соопштија од клубот, најавувајќи го претстојниот дуел.