Руската министерка за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва не планира да разговара за распоредувањето на странски војници во Украина и дека тоа го смета за неприфатливо.
Нејзината изјава доаѓа по коментарите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која изјави дека Европа работи на „прилично прецизни планови“ за распоредување мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции. Оваа идеја претходно беше отфрлена и од Германија.
„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.