Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот пристап кон постигнување траен мир во Украина. Во интервју за телевизијата „Росија 24“, Лавров ја опиша атмосферата на неодамнешната средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска како „многу добра“.
„Беше јасно дека лидерот на Соединетите Американски Држави и неговиот тим, пред сè, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, одржлив, сигурен“, изјави Лавров.
Оваа изјава доаѓа еден ден откако Трамп изјави дека прекин на огнот не е неопходен услов за постигнување мировен договор, став што се разликува од оној на европските лидери.
Лавров упати остри критики кон лидерите на ЕУ, обвинувајќи ги дека „на секој чекор инсистирале само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје“.