Руското Министерство за одбрана денеска се огласи по обвинувањата на Полска за упад на руски дронови во нејзиниот воздушен простор. Според Москва, целите на нападот врз Украина се остварени, а „ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета“.
Министерството додаде дека дострелот на користените беспилотни летала не надминува 700 километри.
„Сепак, подготвени сме да одржиме консултации со полското Министерство за одбрана по ова прашање“, се наведува во соопштението.
Од Кремљ одбија да го коментираат инцидентот, префрлајќи ја одговорноста на функционерите од одбраната.