Сабаленка и Анисимова ќе играат во финалето на УС Опен

Во драматични полуфинални натпревари, Арина Сабаленка и Аманда Анисимова се пласираа во финалето на УС Опен. И двете победи беа остварени со пресврт од 2-1 во сетови.

​Бранителката на титулата, Арина Сабаленка, успеа да ја совлада Џесика Пегула. Иако Американката го доби првиот сет со 6-4, Сабаленка веднаш се врати во игра и ги освои следните два сета со 6-3 и 6-4, обезбедувајќи си место во финалето.

​На сличен начин, Аманда Анисимова ја победи Наоми Осака. По првиот сет кој Јапонката го доби во тајбрејк со 7-6 (7-4), Анисимова возврати во вториот сет, исто така во тајбрејк со 7-6 (7-3). Во решавачкиот трет сет, Американката покажа подобра игра и победи со 6-3.