Санкциониран возач на службено возило во Скопје: Користел флешери и преминал две полни линии

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (11.10.2025) го обезбедија и санкционираа лицето Б.Б., кое било снимено како со службено возило прави сериозни сообраќајни прекршоци на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

​Постапката следела по објавено видео на социјалните мрежи од 09.10.2025 година, на кое се гледа како лицето управува службена „Шкода“ со скопски регистарски ознаки.

​При возењето, Б.Б. направил два прекршока:

  1. ​Користел уреди за посебни светлосни знаци (флешери).
  2. ​Преминал преку две полни линии.

​Против Б.Б. се преземени мерки согласно член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.