Се што се случува и што гледате по телевизии последните 34 години, е директна последица на падот на Советскиот Сојуз.
Знаете како е тоа, како во организам кога трансплантираат црн дроб, замислете уште колку други системи настрадаат, трајно се оштетат а некои дури и престанат да функционираат. Тие делови што останат колку толку читави, под секојдневни стресови се за да се угасат, моментално!
Југославија, Ирак, Авганистан, Либија, Сирија, Иран, Венецуела, Палестина, цел панел САХЕЛ држави во Африка, Грузија, Молдавија, најцрниот спектакл у историјата Украина…. И уште колку други во иднина???
Се е тоа во отсуство на рамнотежа, која ја создаде Коминтерната преку нејзината прва држава СССР.
Атомскиот потенцијал на СССР, колку народи, што директно, што индиректно има спасено од комплетно уништување, не сте свесни!
Капиталистите, неолибералите и глобалистите се неумоливи.
На памет да не Ви падне да мислите дека се во игра религии, раси, етникуми, нации. Апсолутна лаж, на врвот на копјето со кое ни ги бодат душите стои знакот на $$$, и тука е се јасно.
Ова е финале на една повеќедецениска борба за ресурси и доминација, која ја водат УСА и Латините, против се што им стои на патот, па макар и случајно бил таму.
Сите прокси држави и нации кои им служат како бази за освојување на трети држави, на крајот ќе ја платат цената место нив.
Разберете, политичка и технолошка цел е Кина, природна и ресурсна – Сибир.
Во тој правец се борат и пробуваат нешто да променат, свесни се дека тркалото врти спротивно од нивните интереси и дека многу време немаат.
Светот се буди а они не знаат како повторно да го успијат.
Ова е веќе елемент на полунуклеарен конфликт и ако не се повикаат на памет нас можеби ќе не снема ама и тие ќе одат како зомбија по белиот свет, со по едно око, нивни деца родени без раце, нозе, без коси и што е најтрагично без души.
Кои за жал нивните претци никогаш не ги ни имале!
Пишува: Митко Василевски