Светска премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска во Италија

Во Италија, на деветтото издание на фестивалот „PianoLab“, се одржа светска премиера на композицијата „Море сокол пие“, чиј автор е македонската композиторка Дарија Андовска. Делото е специјално напишано и посветено на нашиот светски тенор Благој Нацоски, кој, заедно со пијанистот Андреа Скалцо, го изведоа.

​„PianoLab“ е мобилен фестивал на пијано кој се одржува од 2017 година во јужниот дел на Италија. Тој ги обединува музиката и архитектурата, организирајќи концерти на историски локации. Настанот „Suona con noi“ претставува пијано маратон низ градовите, кој годинава беше проширен со рецитали за глас и пијано.

​Нацоски и Скалцо одржаа рецитал на 11 август, во рамки на фестивалот, со музичка програма која опфати дела од Хендл, Белини, Пучини и други, а кулминираше со светската премиера на делото на Андовска.