Свечена академија по повод 70 години Општина Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Атанасов, со свечена академија го одбележа јубилејот 70 години постоење на општината. На настанот беа доделени признанија на личности, фирми и институции кои дале значаен придонес за развојот на градот.

​Атанасов истакна дека Општината и понатаму ќе продолжи да биде партнер и поддршка на граѓаните и приватниот сектор, и дека ќе остане отворена за идеи, критики и предлози.

​„И во иднина ќе продолжиме да работиме за подобри услови за сите граѓани, и остануваме да бидеме сервис на граѓаните“, напиша Атанасов.

​На крајот, градоначалникот го честиташе Денот на Општина Пробиштип, Денот на рударите и големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.