Во текот на ноќта на 27-ми и 28-ми август, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три лица поради возење под дејство на алкохол.
Првиот случај се случил во Велес, каде возачот Ц.Т. (61) бил запрен додека управувал возило „југо“. При контролата, утврдено е дека имал 2,65 промили алкохол во крвта.
Вториот случај бил на локалниот пат меѓу селата Горно и Долно Чичево, општина Градско. Возачот Г.П. (42) од Росоман, кој управувал „фолксваген пасат“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Тестот покажал дека имал 2,44 промили алкохол во крвта.
Третиот случај се случил во Демир Капија, каде полицијата го запрела Д.Н. (44), кој управувал „пежо“ со 2,31 промили алкохол во крвта.
Сите три лица биле задржани во полициска станица, а против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.