СДСМ Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5, лагата ја менуваат со поголема лага

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја опозициската партија дека во изминатите четири години не изградила ниту една од ветените четири нови градинки во Општина Аеродром.

​СДСМ нагласува дека овие градинки, кои биле ветувани во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, биле прв приоритет во програмата на поранешниот градоначалник Муцунски и актуелниот в.д. градоначалник Митески во 2021 година, но резултатот е „нула реализација“.

​„Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки“, се вели во соопштението, додавајќи дека ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ е „безобразно и срамно“.

​СДСМ посочува дека над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети. Партијата ги прашува в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски за судбината на конкретните ветени локации:

​Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци“?

​Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?

​Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов?

​Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

​„Полни усти со ветувања пред изборите во 2021 година, 4 години подоцна уште поголеми ветувања, а нула реализација. Граѓаните на Аеродром не заслужуваат вакви лажни проекти и лажни ветувања. Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во општина Аеродром, заврши!“, заклучуваат од СДСМ.