На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеала да се справи со пожарите, туку и ги измамила ангажираните пожарникари.
Според информациите на СДСМ, 400-те пожарникари кои биле ангажирани пред неколку месеци, со месечен надоместок од 24.000 денари, сè уште немаат добиено ниту една плата.
Политичка измама и неспособност
Кузеска тврди дека власта им ветила обуки и вработување, но дека исплатата е блокирана поради изборите. Ова, според неа, е свесна измама на младите луѓе кои биле искористени за политичка реклама, а потоа оставени без пари и без потребната заштита.
СДСМ го прашува премиерот Мицкоски дали ова е точно и бара одговорност за катастрофата со пожарите и еколошките проблеми.
„Срамно и понижувачко. Во време на пожари и еколошки катастрофи, оваа власт е неспособна и измамничка. Наместо да го зајакнат противпожарниот систем, тие направија евтин ПР“, изјави Кузеска.
На крајот, таа праша кој ќе одговара за оваа катастрофа и дали власта повторно ќе ги обвини „измислените хибридни напади и центри на моќ“.