Кети Штерјова, кандидатка за советничка на СДСМ во Скопје, во изјава за медиумите го нарече „скандал“ и „шамар за скопјани“ поставувањето на Даме Димитровски за носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје. Таа тврди дека Димитровски, како претседател на Управниот одбор на депонијата „Дрисла“, е одговорен за пожарите и загадувањето што ги трпат граѓаните.
„После сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за Дрисла“, изјави Штерјова.
Таа потенцираше дека Димитровски е и актуелен советник на премиерот Мицкоски за животна средина. Според СДСМ, оваа одлука е навреда и доказ дека за ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните не вреди ништо.
Штерјова нагласи дека граѓаните ќе ја казнат оваа „безобразност“ на претстојните избори.