СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одложи седницата за АНБ од страв од декласификација

СДСМ ја обвини власта, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека намерно ја одложила седницата на собраниската Комисија за надзор на АНБ. Според СДСМ, причина за одложувањето е стравот од декласификација на документите, што би можеле да обелоденат милионски криминал.

​Од партијата тврдат дека власта намерно ја „утнала“ процедурата за да го одложи заседанието.

​„Намерата на власта не е вистината, туку манипулациите, лагите и злоупотребите на институциите“, се вели во соопштението на СДСМ.

​Тие ја повикаа власта веднаш да ги декласифицира документите за случајот АНБ, за јавноста да дознае дали премиерот Мицкоски се плаши од докази за криминал на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ заклучува дека власт која не може да организира едно редовно заседание, не може да обезбеди ниту функционален безбедносен систем.