​СДСМ го осудува палењето на возилото на Галетановски и бара брза реакција од МВР

Опозициската партија СДСМ најостро го осуди палењето на автомобилот на претседателот на нејзината Градска организација, Ѓорѓи Галетановски. Партијата смета дека безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

​Во своето соопштение, СДСМ побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш да постапи.

​„Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, се вели во соопштението.

​Партијата го обвини МВР дека наместо да работи на случаите, се занимава со тоа како „лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери“.