Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во соопштение до јавноста ја обвини актуелната власт за страв од декласификација на документите поврзани со случајот „АНБ“. СДСМ тврди дека власта, а особено премиерот Христијан Мицкоски, се плаши јавноста да ја дознае вистината.
Случајот со наводното следење на Мицкоски од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во периодот од 2019 до 2024 година, според СДСМ, бил планиран како „оружје“ против партијата, но се свртел против ВМРО-ДПМНЕ.
„Декласификацијата ќе открие сè, дали и кој бил следен, кој со кого соработувал, за какви цели, што се крие од јавноста, но и зошто на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста“, се вели во соопштението.
СДСМ поставува неколку прашања за кои тврди дека се кријат зад стравот на Мицкоски:
- Дали станува збор за соработка на Мицкоски со странски служби?
- Дали е во прашање комуникација со руски агентури?
- Дали се работи за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ?
На крајот, СДСМ порачува дека нема што да крие и дека декласификацијата јасно ќе покаже која е вистината и кој треба да одговара.