СДСМ има силни луѓе – но дали ќе ги сплотат гласовите?

Останаа уште само неколку дена до изборите. Впечатоците и очекувањата ми се ‘мешани’.

Пред сѐ, сакам да кажам дека кампањата на СДСМ не беше идеална, но беше одлична. Еден добар дел од кандидатите поминаа голема километража и средбите со граѓаните не им се сведе на по само еден митинг во секое маало.
Штета што посетите по пазари, дарувањето крв и посетите по домови се случуваат само пред избори.
Штета што многу од кандидатите ‘лајкови’ по социјалните мрежи им ставаат на потенцијалните гласачи само во последниве две-три недели. А некои не го прават тоа ниту сега.

Да ви кажам еден ‘канадски’ пример… Пред неколку дена ми стигна емаил порака од пратеник во канадскиот парламент, од мојата изборна единица. Нека не е од него лично, нека е и од неговиот кабинет. И во пораката ме покануваат на средба со пратеникот, за да разговараме за состојбите во ‘мојата населба’ и за состојбите во државата. А замислете, наредните избори ќе бидат дури после три и пол години.
Сфаќате што сакам да кажам, нели?

Ако некого треба да издвојам од кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ, на прво место го ставам Мартин Костовски од Куманово. Одлична кампања.
И ‘дупло’ навивам за него. И за тој да победи и за Максо да изгуби.

Би го издвоил и Томе Христоски од Крушево, ама тој кампањата ја води од избори до избори. Без пауза. И затоа си победува.

Многу посакувам победа и во Ѓорче Петров. Таму СДСМ влегува во трка со булдожер тандем. Костадин Ацевски и Дејан Џонсон.

Многу добра кампања има и Методија Куновски во Битола. Не знам дали ќе победи, но знам дека заслужува победа.

Кандидатот за град Скопје, Kaja Sukova е уште еден пример за кандидат со одлична кампања. Ќе ги стискам двата палци за неа на денот на гласање.

Најдобро е овде да прекинам со поединечни истакнувања. Не за друго, туку знам дека ќе заборавам многумина од оние коишто не заслужуваат да бидат заборавени.

За крај, ќе кажам само уште што ме плаши.
Факт е дека ВМРО со секојдневните грешки и глупости изгуби многу гласови. Но ме плаши тоа што освен ‘големата’ опозиција СДСМ, на овие избори има и многу ‘мали’ опозиции. ЛДП, Левица, независни, Гром итн. И плус оние што повторно нема да гласаат. Се плашам дека бенефиции од сето тоа ќе има ВМРО. Разединета опозиција е во нивна полза.

На овие избори ќе биде многу интересна и борбата меѓу ДУИ и партиите на Албанците што се во коалиција со ВМРО.
Најинтересна ќе биде борбата во Чаир. Изет Меџити и Бујар Османи, ‘прса у прса’.
Во Тетово очекувам победа на вмровскиот кандидат Касами.

 

Пишува: Ацо Лукароски

Ајде. Нека бидат овие избори вовед во една борба и најава за победа на следните парламентарни избори…
Многу важна победа за Македонија.

Бидејќи #СеБоримеЗаНашиотДом