СДСМ: Милионските шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени

СДСМ денеска соопшти дека скандалот со наводните злоупотреби на европски пари во Националната агенција „Еразмус+“, кој се случи во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, мора целосно да биде расчистен од Обвинителството.

​СДСМ обвинува дека Владата назначила лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Агенцијата, што според нив, ја покажува намерата на власта да ги заштити партиските и бизнис интереси и да влијае на случајот.

​Според официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година, постои основан сомнеж за злоупотреба на над 2,2 милиони евра европски пари од 2016 година.

​СДСМ бара од Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов и од Јавното обвинителство да постапи по наодите на ОЛАФ, нагласувајќи дека за злоупотреби нема место во образованието и дека одговорност мора да има.