СДСМ: Мицкоски се плаши од декласификација на документите од АНБ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека е очигледен стравот на премиерот Христијан Мицкоски од декласификација на материјалите од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кои треба да го докажат неговото наводно следење.

​Според Кузеска, со вчерашната изјава, Мицкоски потврдил дека нема намера да ги објави документите со кои тврдеше дека бил нелегално следен.

​Кузеска постави серија прашања, барајќи одговори од Владата и премиерот:

  • ​Зошто се плашат да ја објават содржината на материјалите од наводното следење?
  • ​Што има во тие документи што го плаши Мицкоски?
  • ​Дали документите содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби?
  • ​Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари?
  • ​Дали имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизација?
  • ​Дали документите содржат наводи за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?

​Кузеска го повика директорот на АНБ, Бојан Христовски, да ги декласифицира документите доколку премиерот се плаши да го стори тоа, ставајќи го државниот интерес пред партискиот.