Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) соопшти дека Извршниот одбор дал согласност за уште тројца кандидати за градоначалници на претстојните локални избори:
- Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на Општина Пробиштип.
- Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на Општина Градско.
- Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Општина Зелениково.
Со оваа одлука, СДСМ досега има објавено вкупно 60 кандидати за градоначалници во 60 општини низ државата.
Партијата истакнува дека сите кандидати се „чесни, одговорни и посветени луѓе“, кои ќе работат на подготовка на изборни програми со издржани решенија, создадени во соработка со граѓаните и експерти, со цел да понудат нова визија за развој на локалните заедници.