СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се најде на мета на критики од СДСМ поради изборот на својот изборен тим. Според соопштението на партијата, во тимот на Ѓорѓиевски е вклучен и Гоце Станковски, лице кое е осудено за примање поткуп од 9.000 евра и за тоа отслужувал затворска казна.

​СДСМ смета дека ова не е само скандал, туку и јасна порака за вредностите што ги застапува Ѓорѓиевски и начинот на кој планира да работи.

​Партијата го обвинува Ѓорѓиевски дека застанал зад криминалните дивоградби во Чаир и зад нивниот коалициски партнер Изет Меџити.

​„Тој е олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на бизнис интересите на елитата која го гази интересот на граѓаните секој ден“, се вели во соопштението.

​На крајот, СДСМ порачува дека „глас за Орце е глас за корупцијата, за урбанистичкиот хаос и за криминалниот модел на ВМРО-ДПМНЕ“.