Опозициската партија СДСМ го обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, дека ги манипулира скопјани со лажни ветувања дека фестивалот „EXIT“ ќе се пресели во Скопје доколку тој победи на изборите.
Според СДСМ, ова е уште една во низата „предизборни манипулации“ на Ѓорѓиевски, кој претходно ветил воз на кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште.
СДСМ нагласува дека во официјалното соопштение на организаторите на „EXIT“ нема никаква потврда дека Скопје ќе биде нова локација за фестивалот во 2025 или 2026 година. Единствено што е најавено е глобална турнеја со повеќе настани низ светот, што Ѓорѓиевски, според СДСМ, свесно го извртува за да добие гласови.
Партијата потсетува дека „EXIT“ и досега имал свои „спин-оф“ изданија во Струмица, што не значело дека фестивалот се преселил таму.
СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со манипулации и истакнува дека градот Скопје заслужува вистински културни политики, а не евтини кампањски трикови.