СДСМ, по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти дека станува збор за важен документ кој ставил крај на конфликтот во 2001 година, воспоставил мир и отворил ново поглавје на соживот и заедничка иднина.
Според СДСМ, суштината на договорот е во издигнувањето над поделбите, меѓусебното помирување и обезбедувањето на еднакви можности за сите граѓани. Партијата нагласува дека договорот го зачувал суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата.
СДСМ ги повикува сите политички чинители да работат на политики кои ги сплотуваат граѓаните и да придонесат кон градење на современо, демократско и интегрирано општество за сите.