Селекторот Милевски го објави списокот за клучните квалификациски натпревари против Белгија и Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 (САД, Канада и Мексико). Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за двата клучни натпревари што следуваат во октомврискиот циклус. Македонија е во одлична позиција и во моментов е прва на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс.

​Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 октомври. Македонија најпрво ќе игра против Белгија на 10 октомври во Гент, а на 13 октомври во Скопје ќе го пречека Казахстан.

​Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Поради повреда од комбинација отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека повратник во тимот е Давид Бабунски од Вардар.

​Во составот на Македонија се повикани следните 26 фудбалери:

​Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија).

​Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија).

​Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија).

​Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија).