Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила семејно насилство.
Според пријавеното, околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот сопруг, 50-годишниот М.Ќ. од Скопје, прво физички ја нападнал неа и нивната 28-годишна ќерка. Потоа, тој им се заканувал со остар предмет на нив, како и на нивниот 25-годишен син.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.