Јавното обвинителство започнува со сослушување на законските застапници на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Целта е семејствата да се приклучат кон кривичниот прогон како оштетени страни и да дадат свои искази и сознанија за настанот.
Сослушувањата ќе се одржат од 27 до 29 мај во просториите на обвинителството, во соработка со волонтерите од „Супорт Кочани“. На секое семејство ќе му биде понудена можност да предложи и други членови кои можат да придонесат со информации.
Обвинителството нагласува дека во текот на целата постапка ќе посвети особено внимание на интересите на оштетените и ги повикува сите граѓани со релевантни информации да ги споделат преку формуларот достапен на веб-страницата на обвинителството .